Презентерката Ејупи не исполнува услови да биде конзул, молк од Османи дали ќе понесе одговорност

Од:

Презентерката Бесмира Ејупи која е именувана за генерален конзул во Њујорк, не ги исполнувала условите кои се предвидени со Законот за надворешни работи. Ресорниот министер, Бујар Османи не одговара дали ќе понесе одговорност за покренување на постапката, покрај тоа што и од нејзината биографија се гледа дека таа не е дипломат, иако тоа е еден од условите за оваа функција. Владата, не одговара по кои основи е избрана токму презентерката да биде пратена во Њујорк.

Од биографијата на Ејупи, не може да се види колкав работен стаж има како презентерка и новинарка. Но, може да се види дека освен во медиуми, таа не работела на друго место. Со тоа, нема работно искуство ниту во Министерството за надворешни работи, ниту некогаш се занимавала со дипломатија. Ова е спротивно на Законот за надворешни работи, кој во делот на условите и постапката за именување на генерален конзул, меѓудругото пишува дека функцијата може да ја извршува лице кое: „има стекнато високо дипломатско звање“. Во него, се додава дека Ејупи треба да има и соодветен безбедносен сертификат, а засега, не се знае ниту дали има, а доколку и е издаден, по кој основ го добила и кога.

„А1он“ се обрати до министерот Бујар Османи, но тој не одговори дали ќе понесе одговорност поради именувањето на Ејупи во Њујорк, без таа да ги исполнува условите. Па така, нема одговор ниту дали е направен пропуст при нејзиното именување за конзул или пак, свесно е ставена да ја извршува функцијата иако Законот не дозволува.

Од биографијата со која конкурирала во Собрание да биде член на Комисија за заштита од дискриминација, може да се види само дека таа работела во четири медиумски куќи. Секаде, изготвувала прилози, интервјуа, водела емисии и вести. Магистрирала на приватниот универзитет „ФОН“, а дипломирала за меѓународна комуникација на „Југоисточен европски универзитет“ во Тетово. Има и четири други квалификации. За себе, Ејупи, посочила дека може да работи под притисок, дека е способна да учи од секој, а за компјутерските вештини додала дека познава алакти за пишување и презентација.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка