Судот во Абу Даби денеска осуди на смрт еден Индиец за силување на седумгодишно девојче во Обединети Арапски Емирати.
Судот утврди дека 57-годишниот Индиец е виновен за силување на девојчето во училишното бифе, каде бил врботен, како и за заканата дека ќе ја убие ако каже за силувањето.
Пресудата мора да биде потврдена и од Апелацискиот и од Касацискиот суд.
Извршувањето на смртна казна во Обединетите Арапски Емирати е ретко и најчесто казната се преиначува во доживотна.
Во февруари 2011 година првпат за десет години погубен е жител на Обединетите Арапски Емирати за силување и убиство на едно пакистанско дете.