Русија испраќа авиони со хиперсонични ракети во базата во Сирија заради поморски вежби

Од:

Русија распореди борбени авиони МиГ-31К со хиперсонични ракети Кинжал и стратешки бомбардери со долг дострел Тупољев Ту-22М во својата воздухопловна база во Сирија заради поморски вежби, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Авионот испратен во руската воздухопловна база Хмеимим ќе учествува во вежби во источниот Медитеран, како дел од налетот на руската воена активност во услови на конфликт со Западот околу Украина и безбедноста во Европа, пренесува Фена.

На 20 јануари Москва соопшти дека нејзината морнарица ќе изведе серија вежби во кои ќе бидат вклучени сите нејзини флоти од Пацификот до Атлантикот, во кои ќе учествуваат 10.000 војници, 140 воени бродови и десетици авиони.

Русија првпат испрати борбени авиони со проектили Кнжал минатата година, откако ја прошири пистата во базата специјализирана за тие авиони, истакна Роб Ли, воен аналитичар во Американскиот институт за надворешни работи. Тој рече дека потезите укажуваат на растечкото воено присуство на Русија на Блискиот Исток и нејзината способност да дејствува во различни региони и да проектира моќ.

Руските медиуми наведуваат дека хиперсоничната ракета Кинжал може да погоди цели оддалечени и до 2.000 километри. Тоа е едно од неколкуте стратешки оружја што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин во март 2018 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија