Русија: Сноуден не откри ништо, што не знаеме

Од:

Властите во Русија не дознаа ништо ново од обелоденување на информациите на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден изјави денес рускиот вицепремиер Димитриј Рогозин.

-Сноуден откри нешто што веќе одамна го знаеме-изјави Рогозин.

Според зборовите на рускиот вицепремиер, Русија веќе презема мерки за да не биде зависна од странските електронски компоненти.

Рогозин истакна дека е исклучително важно да се има во предвид дека купената опрема од странство може да содржи софтвер во кој би можело да се вградени уреди кои ќе служат за пренос на информациите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски