Раст на индустриското производство во јуни од 1,9 отсто

Од:

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пораст 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, индустриското производство бележи пораст од 1,8 отсто во периодот јануари – јуни 2013 година , во однос на истиот период минатата година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 6,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,7 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, пораснало кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,3 отсто, Капитални производи за 10 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, а пад има кај Енергија за 4,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката