Турчин позитивен на коронавирус веќе 14 месеци

Од:

Најпозитивниот човек живее во Турција. За жал, не само според карактерот, туку во однос на коронавирусот – Музафер е позитивен веќе 14 месеци или 78 последователни тестови, па тој веќе и се шегува за тоа.

– Претпоставувам дека ова е женска верзија на Ковид, бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом бидејќи имам големо срце, вели тој.

Кога првпат се заразил, Музафер (56) мислел дека ќе умре. Дошол до едвај 50 килограми телесна тежина, а бидејќи боледува од леукемија, секое дополнително слабеење на имунитетот му отежнува. Повеќе од една година подоцна, заразата сè уште ја има, но и тој солидно се држи.

– Дојдовме до точка каде што болеста или ќе исчезне или ќе оди со мене в гроб. Нема друг начин, изјави Музафер Кајасан.
Имунокомпромитирани пациенти се изложени на поголема опасност од продолжена инфекција. Секој четврти заболен од леукемија не произведува антитела дури и по две дози од вакцината, според д-р Чагри Буке.

– Не можеме со сигурност да кажеме дали вирусот е сè уште активен или не, но има 99 отсто можност да не е активен и затоа не е заразен, рече тој.

Сè додека тестовите се позитивни, Музафер не може да се вакцинира, но негова најголема желба во мигов се малку поблаги мерки на изолација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски