Украинските меѓународни авиокомпании (UIA), најголемиот авиопревозник во државата, објави официјално известување од осигурителните компании дека го прекинуваат осигурувањето за летови во украинскиот воздушен простор поради ескалацијата на тензиите со Русија.
– Во врска со надворешнополитичката ситуација, УИА добија официјално известување од осигурителните компании да го прекинат осигурувањето на авионите за летови во воздушниот простор над Украина, се вели во соопштението.
– Украинските меѓународни авиокомпании вложуваат напори и постојано преговараат со осигурителните компании, Министерството за инфраструктура на Украина, Државната управа за воздухопловство и се надеваат на меѓусебно разбирање, се вели во соопштението на украинскиот авиопревозник.
Украинските меѓународни авиокомпании почнаа да ги повлекуваат своите авиони во странство на барање на компаниите што им ги дале на лизинг.
Украинските меѓународни авиокомпании испраќаат пет авиони Боинг 737-800 во Шпанија, каде што се одржуваат и други машини на компанијата. Два други авиона се упатуваат на планирано техничко одржување на авионите во Белград.
Според податоците објавени на веб-страницата на авиокомпанијата, нејзината флота вклучува 25 авиони.
Извор: МИА