Во Србија бројот на говеда е намален за три отсто во однос на 2020 година

Од:

Бројот на говедата во Србија од 1 јануари до 1 декември 2021 година е намален за три отсто во однос на истиот период во 2020 година, а бројот на свињите за 3,9 отсто, соопшти денеска Републичкиот завод за статистика (РЗСС), јави дописникот на МИА од Белград.

Бројот на козите е намален за 3,6 отсто, додека бројот на овците е зголемен за 0,6 отсто и кај живината за 0,7 отсто.

Говедата најмногу се одгледува во регионот на Шумадија и Западна Србија, 45,6 отсто, а свињите во регионот на Војводина, 42,3 отсто.

Во однос на десетгодишниот просек (2011-2020), вкупниот број на говеда е помал за 5,1 отсто, на свињи за 6,5 %, кози за 6,7 и живина за 9,5 отсто, а зголемен е бројот на овци за 1,8 отсто, соопштија од РЗСС.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски