Калеска Ванчева: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да поднесува Закон по скратена постапка, а блокира ист Закон за поголеми плати

Од:

„Навистина е срамно ВМРО-ДПМНЕ сега да поднесува Закон во скратена постапка којшто се однесува на зголемување на платите односно во еден дел се поклопува со законското решение коешто една година е заглавено во Собранието. Тој Закон којшто е поднесен пред една година ВМРО-ДПМНЕ не дозволува да го види светлото на денот односно не дозволуваат покрај изгласан дневен ред да се отпочне со точката. И вие сте сведоци и знаете дека завршува секој обид со безбројни процедурални“, одговори Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка на новинарско прашање.

– Тој Закон е квалитетно законско решение којшто овозможува трансформација во работен однос на наставници и стручни соработници, професионалци коишто после повеќе години, некои од нив и десетина години, конечно треба да им биде решен статусот, тоа се професионалци и секако да се овозможи зголемување на платата. Само еден пример, ова се некаде околу 4.700 луѓе во прашање кои со години работат некои од нив дури и по десетина години, па поставувам прашање која е оправданоста за блокирање на овој закон и недозволување на трансформација на нивниот работен однос, да бидат во редовен работен однос и да можат да ги имаат сите права како секој вработен? Тоа е нешто што е недозволиво и граѓаните и јавноста точно знаат кои се обидите и што се обидува ВМРО-ДПМНЕ да направи, додаде таа.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата