ЕУ на средба со талибанската власт уверува дека тоа не значи признавање

Од:

Европската Комисија потврди дека дипломатски претставници на ЕУ ќе одржат официјална средба со талибанската влада во Катар, јави дописничката на МИА од Брисел.

Делегацијата на авганистанската влада, сега во рацете на Талибанците, вчера отпатува за Доха за средби со претставници на меѓународната заедница за да ги убедат да обезбедат хуманитарна помош. Меѓу овие претставници се наоѓаат и дипломати на ЕУ, иако ЕУ не ја признава талибанската влада.

Петер Стано, портпарол за надворешни работи во Европската Комисија, денеска ја потврди информацијата на редовниот брифинг, но нагласи дека оваа средба во ниеден случај не значи признавање на владата на Талибанците во Авганистан.

-Потврдуваме дека ќе има средба на интерсервис делегацијата на ЕУ предводена од специјалниот претставник во Доха, Катар, утре изјави Стано.

Понатаму Стано истакна дека целта е ЕУ да биде присутна за да помогне во испораката на хуманитарна помош за авганистанскиот народ, но дека ЕУ продолжува да се води од серијата услови што им ги постави на Талибанците минатата година. Во условите се наоѓаат правата на децата, жените, образованието, хуманитарниот пристап, крај за арбитрарните апсења, слобода на медиуми, итн.

-Ќе зборуваме со талибанските претставници согласно условите поставени од земјите членки, ангажманот во ниеден случај не значи признавање, туку е потребен за да ја испорачаме помошта.

Запрашан дали ЕУ им поставила рок на Талибанците кога треба да ги исполнат условите на ЕУ, портпаролот изјави дека “не е политика на ЕУ да поставува строги рокови“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија