Авиокомпанијата „Норвежн“ (Norwegian) ќе го избегнува украинскиот воздушен простор. Причината е ескалацијата на тензиите во регионот, потврди компанијата за германската агенција ДПА.
Авионите на компанијата не летаат директно за Украина, но понекогаш преминуваат во просторот на земјата за да стигнат, на пример, до Турција, појасни портпаролот.
„Норвежн“ ги избегнуваше источните делови на земјата, по случајот со летот МН17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година.
Холандската авиокомпанија „КЛМ“, викендов соопшти дека како безбедносна мерка, ги прекина своите летови за Украина. Други авиокомпании размислуваат за слични чекори.
Извор: МИА