Деблокиран граничниот премин САД-Канада на мостот Амбасадор

Од:

Најфреквентниот граничен премин меѓу САД и Канада, мостот „Амбасадор“, повторно е отворен, по речиси еднонеделната блокада од демонстранти кои се противат на ограничувањата поврзани со Ковид-19.

„Мостот Амбасадор сега е целосно отворен, и повторно е овозможен слободен проток на трговија меѓу канадската и американската економија, се вели во соопштение на компанијата „Детроит Интернешнл бриџ“ која управува со мостот.

Мостот, како што е соопштено, повторно е пуштен за сообраќај синоќа во 23 часот по локално време, информираат американските медиуми, потсетувајќи дека преку овој премин се одвива 25 отсто од вкупната трговија меѓу двете земји.

Блокадата на канадската страна го наруши бизнисот во двете земји, принудувајќи некои производители на автомобили да затворат неколку фабрики за монтажа на автоделови.

Полицијата во канадскиот град Виндзор вчера соопшти дека повеќе од 20 лица се мирно уапсени, седум возила се одвлечени, а пет се запленети додека полицијата ги „чистела“ последните демонстранти во близина на мостот што го поврзува овој град со американскиот град Детроит.

Во меѓувреме, протест во Отава го парализираше центарот на градот, ги разбесни жителите незадоволни од неодговорноста на полицијата и изврши се поголем притисок врз канадскиот премиер Џастин Трудо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија