Американската полција на дело фати 12-годишен ограбувач на банка

Од:

Едно 12-годишно момче е фатено на дело од страна на полицајците додека ограбувал банка, соопшти полицијата во американската сојузна држава Мичиген.


Малолетниот крадец е уапсен откако со својот велосипед го скршил големото надворешно стакло на банката и влегол за да украде пари. Инцидентот се случил во доцните ноќни часови кога никој од вработените на банката не биле на работа.


Безбедносните камери во банката го регистрирале „копањето“ на детето-крадец по фиоките на бироата во големата сала на банката.


Полицијата го фатила во моментот додека се обидувал да најде пари. Полицајците го одвеле на сослушување во полициската станица и ја повикале неговата мајка. Полицијата не соопштува што се случило со малолетниот ограбувач на банка.


Претставник на „Банк од Америка“ чија експозитура се обидувал да ја ограби овој 12-годишник го потврди инцидентот.


– За жал има и вакви случаи, кусо објасни портпаролот на оваа амеркиканска банка.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски