Швајцарците според првичните проекции, на денешниот референдум го отфрлија барањето за забрана на експерименти врз животните.
„За“ забрана на експерименти врз животни се изјасниле само 21 процент од излезените гласачи, додека 79 биле „против“.
Иницијаторите на иницијативата сакаа да се укинат експериментите со образложение дека се неетички и непотребни, но им се спротивстави моќното фармацевтско лоби, истакнувајќи дека експериментите се потребни за да се развијат нови лекови, како и дека забраната ќе предизвика голема економската штета.
Во 2020 година во швајцарските лаборатории угинале повеќе од 500.000 животни.