Ештон замина да разговара во Каиро

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и соработка, Кетрин Ештон денес замина во Египет каде што ќе разговара со официјалните лица.

Новите власти во државата предупредија дека одлучно ќе интервенираат доколку демонстрантите го надминат правото на мирен протест.

Дури и по загинувањето на 72 лица, демонстрантите се решени да продолжат како што тврдат со мирни протести.

Канцеларијата на потпретседателот на Египет соопшти дека Ештон ќе разговара со привремениот претседател Адлиј Мансур и Мохамед ел Барадеј.

Ел Барадеј во сабота навечер ја критикуваше прекумерната употреба на сила над демонстрантите.
Египетската државна агенција „Мена“ објави дека Ештон ќе разговара и со членовите на Морсиевото „Муслиманско братство“ и групата Тамарод која организираше масовни протести кои доводоа до неговото отповикување.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро