Подготвени сме за најлошото – Украина е само почеток

Од:

Нападот е можен пред крајот на Зимските олимписки игри во Кина на 20 февруари, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан и најави дека уште 3.000 војници ќе бидат префрлени во Европа, пренесува германски Билд.
Подготвени сме за најлошото во Украина, светот мора да ни помогне сега“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

-Путин се стреми кон светска моќ и Западот треба да знае дека по Украина на ред ќе дојдат балтичките земји. Ние сме само почеток. Кога Олаф Шолц и другите шефови на држави сега разговараат со Владимир Путин, треба да му кажат една работа – нашата држава ќе се брани од сите напади и тој ќе има сериозни последици, додаде тој.

Германија и неколку земји побараа од своите граѓани да ја напуштат Украина во саботата.

„Ако моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е задолжително. Ако не, оставете го што е можно поскоро“, напиша Федералното Министерство за надворешни работи во новото предупредување за патување.

Според министерстото, во Украина има десетици илјади Германци, меѓу кои и многу со двојно државјанство. Уште во петокот САД, Велика Британија и Данска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат земјата. Во исто време паднаа и американските берзи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ