Едно лице загина, а две исчезнаa во поројните дождови во Јапонија

Од:

оројните дождови што во текот на викендот ја зафатија Јапонија, зад себе оставија едно загинато и две исчезнати лица, соопштија денеска јапонските власти, издавајќи сериозно предупредување за нова бура.


Властите ја потврдија смртта на една 79-годишна жена, која била пронајдена во својата куќа во префектурата Јамагучи, на југозападниот брег на Јапонија, што била затрупана од свлечиште.


Во истиот регион исчезнал и еден 84-годишен маж, откако  бил повлечен од надојдената вода, се наведува во локалните извештаи на полицијата и спасувачите.


Како исчезнат се води и еден 24-годишен маж, кој  последен пат бил виден како ја напушта својата куќа во префектурара Шимане, северно од Јамагучи.


Јапонската метеоролошка агенција предупредува на поплави и свлечишта заради „незабележените поројни врнежи“ и најави дека денеска бурата ќе мине  преку централните делови на земјата.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови