Најмалку 38 лица загинаа во 14 бомбашки напади во Ирак

Од:

Најмалку 38 лица загинаа денеска во 14 напади со автомобили-бомби во различни делови на Ирак.


Во неколку квартови на Багдад изутринава експлодираа девет автомобили-бомби, при што животот го загубија најмалку 29 лица, а над сто се ранети. Нападите се извршени во седум квартови, од кои пет се со мнозинско шиитско население. 


Автомобил-бомба експлодира и во Махмудија, на 30 километри јужно од главниот град, при што се убиени најмалку две лица, а 25 се ранети. 


Два абтомобили-бомби експлодираа во Кут, на 160 километри јужно од Багдад, каде загинаа пет лица, а 35 се ранети. 


Уште два автомобили-бомби одекнаа и во Самаја, на 280 километри јужно од Багдад. Во овие напади загинаа најмалку две лица, а десетици се ранети.


Од почетокот на јули во напади во Ирак се убиени над 810 лица, а од почетокот на годината околу четири илјади.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак