Раиси: Немаме надежи за нуклеарните преговори во Виена

Од:

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска изјави дека официјален Техеран не се надева на тековните преговори во Виена, кои имаат за цел да го оживеат нуклеарниот договор постигнат меѓу Иран и шесте светски сили во 2015 година.

– Ние ги имаме нашите надежи на истокот, западот, северот и југот на нашата земја, а немаме надеж во Виена и Њујорк, посочи Раиси во телевизиското обраќање по повод 43-годишнината од Иранската револуција во 1979 година.

Тој дека Иран ќе се потпре на домашниот економски потенцијал, наместо да очекува поддршка од странство и од нуклеарните преговори со светските сили.

Иран и САД ги продолжија индиректните разговори во австриската престолнина на 8 февруари по 10-дневна пауза, но не е познато дали преговарачите се поблиску до решавање на различни прашања.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека има уште долг пат до обновувањето на нуклеарниот договор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он