Вулканот Етна на Сицилија синоќа накратко еруптираше, а три потоци лава течеа неколку стотици метри, но аеродромот во Катанија во подножјето на вулканот работи нормално.
Ова е прва ерупција на вулканот Етна оваа година.
Вулканот, висок 3.330 метри, еруптира и до неколку пати годишно, исфрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров Сицилија.
Најголемата ерупција на овој вулкан се случи во 1992 година.