Убедлив пораз на македонските кошаркарски јуниори од врсниците од Белгија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години не успеа да стигне до пласман во А-дивизијата, откако вчеравечер во натпревар за третото место против Белгија, беше поразена со убедливи 70:45.

Кристијан Николов со 13 поени и Андреј Магдевски со 12 поени беа најпрецизни во нашиот тим, а уште Даниел Нацевски беше меѓу поистакнатите со 10 поени.

Поразот од Белгија значи дека Македонија го заврши Европското Првенство во Струмица на четвртата позиција, во ситуација кога првопласираните три екипи обезбедуваат пласман во А-дивизијата.

Во финалето Црна Гора во тесен меч ја победи Полска со 64:63. И двајцата финалисти, заедно со Белгија, патуваат ранг погоре.

На церемонијата за доделување награди по завршувањето на финалето, нашиот репрезентативец Андреј Магдевски доби престижно признание, со вклучувањето во најдобрата петорка на турнирот, заедно со Драшковиќ од Црна Гора, Јешке од Полска, Хакансон од Данска и Кестелот од Белгија.
Пољакот Дамјан Јешке беше избран за МВП на турнирот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос