ЕУ одговори на прашањата на Сергеј Лавров во заедничко писмо

Од:

Москва и Брисел потврдија дека Европската Унија испратила одговор до рускиот министер за надворешни работи со единствен став на сите 27 земји членки, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кон крајот на јануари побара одделни одговори од повеќе земји членки на ЕУ, како и од Канада и САД, да го дадат своето толкување за принципот на “неделива безбедност“, на кој Москва вели дека инсистира.

Овој принцип подразбира колективен пристап кон безбедноста на државите и има за цел да спречи одделни држави да ја зајакнат својата одбрана и безбедност на штета на други.

Писмото на Лавров до западните престолнини е испратено во контекст на растечки тензии на границата помеѓу Русија и Украина и зајакнување на воените сили на истокот на Европа.

Европската Унија потврди дека денеска е испратен одговорот до Москва, но е напишан од високиот претставник за надворешна политика на ЕУ во име на сите 27 земји членки, со што Лавров нема да добие одделни одговори од земјите на Унијата.

Портпаролот за надворешни работи Петер Стано потврди дека писмото е резултат на ставот на сите земји членки.

-Одговорот на Борел е пратен во име на сите 27 земји, се согласија дека високиот претставник треба да му одговори на министерот Лавров во име на 27-те и она што можам да го кажам, дека додека писмото не е примено и разбрано, е дека содржината е заеднички усогласен одговор од сите 27 земји за сите прашања покренати од страна на Лавров, рече Стано.

Од руската мисија при ЕУ исто така потврдија дека писмото е примено, и дека “ЕУ не планира да ги обелодени јавно одговорите“.

-Не рековме дека ќе го обелодениме јавно, но откако писмото ќе биде соодветно испратено до Москва и разбрано, ќе може да дискутираме за неговата содржина.

Според дипломатите во Брисел содржината на писмото нагласува дека ЕУ заедно со партнерите во НАТО е подготвена да го продолжи дијалогот со Русија за начинот на кој може да се зајакне безбедноста за сите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија