Милош Теодосиќ, во понеделник, ќе потпише двегодишен договор со екипата на Фенербахче, пренесе Макфакс.
Еден од најдобрите европски плејмејкери, треба да стане четвртото засилување за тимот на Жељко Обрадовиќ, претходно договори со Фенербахче потпишаа Немања Бјелица, Лука Жориќ и Линаз Клеиза.
Теодосиќ во Фенербахче треба да го замени македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, кој според информациите ќе го замени Теодосиќ во редовите на ЦСКА Москва.
Инаку, според она што го пренесуваат медиумите во Турција, Теодосиќ ја одбил понудата на Мемфис Гризлис вредна шест милиони долари по сезона.