Муцунски избриша три нови градежни маркици во Аеродром

Од:

Избришани се уште три градежни маркици во Реонски Центар во Општина Аеродром, со што се спречи изградба на згради на вкупен простор од 13.200 м2, информираат од Општината.

Како што информираат од таму, на предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница ја изгласал оваа иницијатива која е велат, во интерес на сите аеродромци.

„Политиките кои ги презема градоначалникот Муцунски со поддршка на Советот имаат за цел да ја спречат бетонизацијата и наместо тоа да се стави акцент на зеленилото и хуманата урбанизација.

Овие чекори ќе продолжат и понатаму. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина“, се вели во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче