Новата социјалистичка влада во Португалија ги исклучи десничарските популисти од преговорите

Од:

Новата социјалистичка влада на Португалија ја исклучи од преговорите десничарската популистичка партија, која беше трета на општите избори, пишува Индепендент.

Од кабинетот на идниот премиер Антонио Коста претходно најавија дека тој ќе се сретне со сите други политички партии пред да ја преземе функцијата подоцна овој месец, како и со претставници на синдикатите, работодавачите и добротворните организации.

Во соопштението од доцна синоќа, сепак, не се наведува дека е планирана средба со претставници на екстремно десничарската партија Чега (Доста), која освои 12 од 230 места во парламентот.

Кабинетот на идниот премиер не даде причина за исклучување на оваа партија која беше цел на жестоки напади на социјалистите во предизборната кампања.

Португалија беше сведок на пораст на поддршката за популистите на изборите на 30 јануари, повеќе од една деценија по слична ситуација во другите земји од Европската унија.

Предвремените избори беа распишани затоа што партиите на радикалната левица, кои му овозможија на Коста да дојде на власт во 2015 година, го отфрлија предлогот на малцинската влада за буџетот за 2022 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија