Кинески град со 3,5 милиони жители во карантин поради Ковид-19

Од:

Јужниот кинески град Баикса, кој има 3,5 милиони жители, е затворен по појавата на случаи на Ковид-19, во време кога земјата е домаќин на Зимските олимписки игри.

Од синоќа жителите на Баиска повеќе не можат да го напуштаат градот, а на оние кои живеат во така наречените ризични зони, каде што се откриени случаи на зараза со Ковид-19, не им е дозволено да ги напуштат домовите, соопштија градските власти.

Баиска, кој е на околу стотина километри од границата со Виетнам, вчера забележа 44 случаи на заразени со Ковид-19 од локално потекло. Пријавени се и голем број „увезени“ случаи на инфекција. Властите соопштија дека е организирано тестирање на населението.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он