Силен природен пожар зафати вчера површина од околу 2.000 хектари на шпанскиот остров Мајорка во Средоземното Море.
Во текот на ноќта е извршена евакуација на 700 жители на планинското село Естеленкс, соопшти Серхи Торандел, шеф на локалната служба за вонредни ситуации.
Повредени нема, но огнот се заканува на областите со најскапи куќи на островот, истакна Торандел. Според властите ова е најсериозниот пожар на Мајорка во изминатите 20 години.
Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 300 пожарникари, спасувачи и шумски службеници.