Израел е подготвен да ослободи 104 палестински затвореници за обновување на мировните преговори

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел е подготвен да ослободи 104 палестински затвореници, со цел да даде поттик за продолжување на мировните преговори, кои веќе три години се замрзнати.

– Дадов согласност за ослободување на 104 Палестинци во неколку фази, откако ќе бидат обновени мировните преговори и според нивниот напредок, објави премиерот на „Фејсбук“.

Се очекува преговорите да бидат обновени во Вашингтон во вторинк со учество на главниот палестински преговарач Саеб Еракат, израелската министерка за правда Ципи Ливни и американски претставници, соопшти во Рамала анонимен палестински претставник.

Весникот „Аарец“, повикувајќи се на високи израелски службеници, објави дека во Вашингтон ќе се разговара агендата на преговорите и темите, кои ќе бидат опфатени.

Државниот секретар на САД Џон Кери по последната обиколка на Блискиот Исток објави дека е постигнат договор за обновување на израелско-палестинските мировни преговори, замрзнати од 2010 година.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија