Најмалку 15 лица се повредени синоќа во египетскиот пристанишен град Порт Саид во судири меѓу приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси и полицијата, јави државаната агнеција МЕНА.
Според очевидци приврзаниците на Морси отвориле оган за време на погреб на еден од нивните членови. Исламистичката група Муслиманска браќа ги негираше ваквите тврдења.
Стотина привразаници на Морси учествуваат во мирни секојдневни протести во џамијата Ал Тавхид во Порт Саид, откако војската на 3 јули го собори претседателот Морси.
Вчера во насилствата Каиро за време на слични протести животот го загубија најмалку 72 лица.