Најмалку три лица загинаа и 26 се повредени во автобуска несреќа вчера на национален автопат во Индијанаполис.
Според податоците на локалната противпожарна служба автобусот превезувал млади, кои се враќале дома од религиозен камп.
Според очевидци, автобусот го напуштил автопатот со голем брзина при што удрил во заштитната ограда на свиокот за исклучување и се превртел.
Локалната телевизија објави интервју со возачот на автобусот, кој објасни дека му откажале сопирачките.