ВИДЕО: Полициски службеници спасија маж од водите на Вардар

Од:

Попладнево маж скокна во Вардар, а од водата го спасија полицајци. По добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш биле преземени активности и лицето е спасено од водата од страна на полициски службеници од станицата во Карпош.

Според информациите од МВР, подоцна било утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош која пристигна веднаш по интервенцијата човекот беше пренесен во ГОБ „8-ми септември“.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко