Употребата на синтетички пестициди во паркови и други зелени јавни површини во урбаните средини ќе биде забранета во ЕУ, а земјите-членки ќе бидат обврзани да ја намалат нивната вкупна употреба за 50 отсто според нацрт-регулатива, во кој имал увид весникот Гардијан.
Европската комисија смета дека овој чекор е неопходен поради фактот што голем број земји-членки на ЕУ не презеле акција по претходните упатства за намалување на употребата на пестициди.
Нацрт-регулативата вели дека како резултат на предлозите, „потрошувачите во ЕУ би можеле да се соочат со зголемување на цените на храната, што може да доведе до зголемен увоз од трети земји со помалку строга регулатива за употреба на пестициди“.
Сепак, официјалните лица рекоа дека ќе истражат начини за ублажување на влијанието, додавајќи дека ЕУ мора „да премине кон фер, здрав и еколошки прехранбен систем“. Според нацрт-регулативата, пестицидите ќе бидат забранети и во заштитените природни подрачја.
Извор: МИА