Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Соединетите држави надмина 900.000.
Во САД од 12 декември досега починале 100.000 луѓе од последиците на Ковид-19, а зголемен е бројот на новозаразени и хоспитализирани, за што е одговорен високо заразниот вид на омикрон, пренесува Ројтерс.
На второ место во вкупниот број на починати од Ковид-19 е Бразил со повеќе од 630.000, а трета е Индија со над 500.000 смртни случаи.