Дуда сака да ја укине „дисциплинската комора“

Од:

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска најави предлог-закон за укинување на „дисциплинската комора“ на Врховниот суд, истакнувајќи оти се надева дека ќе биде изгласан во Парламентот, со што би се решил спорот со Европска унија.

– Предлагам да се укине комората, истакна Дуда за телото формирано од полската Влада.

Дисциплинската комора треба да биде заменета со ново тело – Комора за професионална одговорност, во кое е предвидено да имаа 11 судии.

– Сакам да и дадам на полската Влада инструмент со кој би завршил спорот со ЕУ, наведе Дуда.

Дисциплинската комора беше обид на полската Влада за реформи во судството, кои од страна на ЕУ беа оценети како назадување во однос на европските демократски стандарди и напад врз независноста на судството.

Во октомври Европскиот суд на правдата (ЦЈЕУ) ја казни Полска со еден милион евра дневно поради што не беше укината дисциплинската комора. Полска одби да ја плати казната и Европска комисија во јануари преку писмо побара од Варшава да плати 70 милиони евра. Брисел наведе дека ако Варшрава одбива да ја плати казната, ќе почне да ја наплаќа казната од европските фондови наменети за Полска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази