Руте ѝ вети на Украина поддршка за кибер безбедност

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте ѝ вети на Украина поддршка за кибер безбедноста. Тој го стори тоа за време на денешната посета на Киев, јави ДПА.

На прес конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Руте изјави дека неговата земја може да понуди стручни совети во областа.

Во јануари, Украина беше погодена од неколку хакерски напади врз владини сајтови, за што ја обвини Русија.

Руте не коментираше за можни холандски испораки на оружје за Украина, иако претходно сигнализираше подготвеност да го направи тоа. Зеленски изјави дека Украина ѝ доставила листа со воени потреби на земјата од ЕУ. Во исто време, тој подвлече: – Ние само мислиме на мир.

Како што истакна Зеленски, посетите како оваа на Руте, имаат за цел да помогнат да се стабилизира украинската економија.

Британскиот премиер Борис Џонсон, како и полскиот, Матеуш Моравјецки, го посетија Киев во текот на вчерашниот ден и ја дадоа својата поддршка на Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам