Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи до 18 години вечерва загуби од Црна Гора со 62:60 и не ја искористи првата „меч-топка“ за пласман во А дивизијата.
Во полуфиналето на Европското првенство – Б дивизија кое се одржува во Струмица, избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ слабо го започнаа мечот со црногорските врсници. По првата четвртина губеа со 18:13, а на полувреме со 37:31.
Најдобриот период Македонија го имаше во третите 10 минути кои ги реши во своја корист со 20:10.
Сепак, Црна Гора негативата од четири поени која ја имаше пред почетокот на последната четвртина ја надополни, за на крајот минимално да слави.
Во првото полуфинале Полска беше убедлива против Белгија и победи со 80:62.
Полска и Црна Гора по денешните победи обезбедија пласман во А дивизијата, а третиот патник во повисок ранг натпреварување ќе го даде утрешниот дуел Македонија – Белгија.