Египетскиот потпретседател Мохамед ел Барадеј денеска остро го осуди полициското насилство врз исламистичките демонстранти, приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси.
Барадеј на својот Твитер профил објави дека остро ја осудува прекумерната употреба на сила во судирите меѓу полицијата и исламистите, приврзаници на Морси.
Египетското министерство за здравство денеска соопшти дека во судирите меѓу силите за безбедност и приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси загинале најмалку 21 лице, а повредени се над 180 луѓе.
Барадеј, до неодамна беше истакнат активист на опозицијата против соборениот исламистички претседател Мохамед Морси.