Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа од коронавирус починале вкупно 52 лица, во Република Српска 26, во Федерацијата БиХ 24 и во округот Брчко двајца.
Во исто време се регистрирани 1.628 нови случаи на коронавирус, од вкупно од 4.010 тестирани. Во Федерацијата БиХ биле тестирани 2.812 лица, од кои 1.039 биле позитивни на коронавирусот. Во Република Српска се регистрирани 458 новозаразени, од 1.008 тестирани. Во округот Брчко денеска се регистрирани 131 нов случај на инфекција со коронавирус од вкупно 190 тестирани.