Бесими – Лорер: Преку договорените конкретни чекори до остварување на заедничките цели – раст и развој

Од:

Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат исти цели, економски раст и подобар животен стандард. Заедничките активности што ги утврдиме уште на првата средба во Софија и преку конкретните чекори што денеска ги договоривме на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации, а на кои ќе работат во наредниот период одделните институции, ќе биде придонес кон нивното остварување.

Ова го заклучија министерот за финансии на РС Македонија Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кои денеска во Скопје беа копретседавачи на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации.

-Денеска имавме можност да дискутираме за важни теми што ја покажува нашата заложба за остварување на унапредување на економската соработка. Иновации, инвестициите, поддршка на петприемништвото, технолошки развој, како и развојот на нови иновациски инструменти беа тема на денешниот состанок, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додаде дека двете страни ќе го вложат својот максимум за да ја остварат поставената цел, а тоа е зајакнување на економската соработка.

– Формирањето и функционирањето на работната група е веќе реалност и ќе се заложиме идеите што ги споделивме да се претворат во конкретни проекти кои ќе имаат влијание на развојот, растот и стандардот на граѓаните, рече министерот.

Заедно со министерот на Република Бугарија, Лорер наведоа дека конкретно е договорено да се воспостави механизам за заштита на инвеститорите од двете земји.

-Исклучително важна тема што ја поддржавме е механизмот за транспарентност на инвестициите. Преку овој механизам секој бугарски инвеститор во РС Македонија, како и секој македонски инвеститор во Бугарија ќе имаат можност при најмал сомнеж за дискриминација или нееднаков третман од локалните и централните власти да дадат сигнал дека ќе да бидат видливи на највисокото политичко ниво, изјави Лорер и истакна дека овој механизам има за цел да обезбеди непречено работење на секој инвеститор од двете страни на границата.

На состанокот е донесен заклучок и за конкретна соработка меѓу Фондот за иновации и технолошки развој од земјава и Фондот на фондови од Република Бугарија за развој на проекти и поддршка на компании од двете земја во однос на иновации.

На денешниот состанок формирани се повеќе работни групи, кои во наредниот период ќе работат на конкретни активности.

Како што беше истакнато од страна на министрите Бесими и Лорер процесот е партиципативен и инклузивен и дека денеска во рамки на одржувањето на првиот состанок делегациите ќе се сретнат и со стопанските комори од двете земји, кои имаат важна улога и ќе бидат додадена вредност на она што се презема.

Работната група за економија, трговија и иновации беше формирана минатата недела за време на одржувањето на заедничката седница на владите на РС Македонија и Република Бугарија при што беа утврдени приоритетите и динимката на работа, согласно која тие ќе се состануваат еднаш во месецот.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска