Пратениците на Народното собрание на Република Српска во Бања Лука на парламентарната седница го разгледуваат документот „Политичката и економската состојба во БиХ“.
Но, уште пред почетокот на седницата, која се одржува во екот на институционалната криза во БиХ, дојде до инцидент меѓу обезбедувањето на претседателката на РС Жељка Цвијановиќ и независниот пратеник на Собранието на РС Небојша Вукановиќ.
Пред почетокот на специјалната седница, демобилизираните борци на поранешната војска на Република Српска се собраа пред зградата на парламентот, барајќи да се закаже специјална седница на парламентот на РС за правата на ветераните, а тие наводно ја исвиркале претседателката на РС Жељка Цвијановиќ.
Кога таа влегла во собраниската зграда, независниот пратеник Вукановиќ ја прашал како го коментира тоа што борците на ВРС ја исвиркуваат, што тој го снимил со својот мобилен телефон, но веднаш до него дошло обезбедувањето на Цвијановиќ, кое се обидело да му го земе телефонот.
„Не ми го допирај телефонот. Од каде имаш право да ми го допираш телефонот. Ќе ми удриш шлаканица? Јас сум пратеник овде, имам право да снимам. Дали ти тргна да ми удираш шлаканица? Дали е тоа? Супер? – изјави Вукановиќ.