Полска одлучи да обезбеди одбранбено оружје за Украина, изјави денеска шефот на полското Биро за национална безбедност, Павел Солох.
-Донесена е одлука за предавање на одбранбеното оружје на Украина, рече Солох.
Тој објасни дека станува збор за „неколку десетици илјади парчиња оружје“, но не прецизираше за каков тип оружје станува збор.
Извор: МИА