САД го осудија најновото лансирање на севернокорејски проектил и го повикаа Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки активносто, објави утрово индопацифичкото заповедништо на американската војска.
Во соопштението се наведува дека командата оценува оти тестот претставува непосредна непријателска закана на американската територија, персоналот или сојузниците.
Јужнокроејскиот претседател Мун Јае-ин верува дека Северна Кореја направила чекор кон полекување од самонаметнатиот мораториум на тестирање ракети со долг дострел, откако утрово е пријавен сомнеж за ракетна пробра, објави неговиот кабинет.
Мун ја повика Северна кореја да престане да создава тензии и да се врати на преговорите.