Секогаш ќе стоиме на страната на нашите сојузници во НАТО наспроти руското непријателство – порача Борис Џонсон

Од:

Велика Британија разгледува опции за распоредување значајни сили во НАТО како дел од планот за зајакнување на границите на Европа како одговор на трупањето руски војници на границата со Украина, соопшти синоќа британската влада. Велика Британија вели дека секое влегување на Русија во Украина ќе биде проследено со брзи санкции.

Џонсон го разгледува најголемиот можен предлог до членките на НАТО во скандинавските и балтичките земји, кој ќе ги удвои британските сили и ќе испрати одбранбено оружје во Естонија, соопшти кабинетот на британскиот премиер.

„Овој пакет ќе испрати јасна порака до Кремљ – нема да ја толерираме нивната дестабилизирачка активност и секогаш ќе стоиме на страната на нашите сојузници во НАТО наспроти руското непријателство“, наведува Џонсон во изјавата.

„Им наредив на нашите вооружени сили да се подготват за распоредување во Европа следната недела за да се осигураме дека можеме да ги поддржиме нашите сојузници во НАТО“.

Официјалните лица ќе ги разјаснат деталите за британскиот предлог следната недела во Брисел, каде министрите членки ќе разговараат за воени опции.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски