Ештон повикува на прекин на насилствата во Египет

Од:

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон денеска изрази „длабоко жалење“ за жртвите во демонстрациите во Египет и ги повика двете страни да го запрат насилството.

Таа вели дека со загриженост го следи најновиот развој на настаните и длабоко жали за губитокот на животи.

„Таа ги повика и сите актери да се воздржат од насилства и да ги почитуваат принципите на мирно протестирање и ненасилство“, се вели во соопштението испратено од нејзиниот кабинет.

Министерството за здравство на Египет соопшти дека во изминатите 24 часа во главниот град Каиро и во Александрија загинале 29 лица, а 649 се ранети.

Но, движењето Муслимански браќа на својата интернет страница објави дека во судирите меѓу приврзаниците на симнатиот од власт претседател Мохамед Морси и безбедносните сили загинале 200, а ранети се над 4.000 лица.

Полицијата тврди дека за растерување на демонстрантите, кои јуришале на полициските кордони, употребуван е само солзавец, а исламистите фрлале „молотови коктели“ и употребувале оружје.

За прекин на нередите на местото испратени се и одреди од интервентната единица.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро