Медицински сестри во САД заработиле 1,5 милиони долари од фалсификување сертификати за вакцинација

Од:

Две медицински сестри од Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување сертификати за вакцинација, заработиле повеќе од 1,5 милиони долари, јавија американски медиуми, повикувајќи се на обвинителството и полицијата.

На Џули Де Вуоно, сопственичка на здравствен центар, и нејзината вработена Мариса Ураро вчера им се судеше.

Обвиителот на округот Сафолк, Рејмонд Тирни, рече дека Де Вуоно и Ураро обезбедиле лажни сертификати, наплаќајќи им на возрасните по 220 долари, а на децата по 85 долари. Двете медицински сестри внесувале неточни информации во државната база на податоци за вакцинација.

Полицијата го претреса домот на Де Вуоно и пронајдоа околу 900.000 долари во готовина и сметководствена тетратка која евидентирала повеќе од 1,5 милиони долари приходи од криминалната шема.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата