Неизвесност пред неделните избори во Португалија, владејачките социјалисти ја губат предноста

Од:

Парламентарните избори во Португалија в недела се неизвесни. Владејачките социјалисти се сериозно загрозени од социјалдемократите (ПСД), партијата на десниот центар и моментално водечката опозиција, покажаа денеска објавените анкети.

Изборната трка засега е прилично неизвесна, а според некои аналитичари, овие избори може дополнително да ја влошат политичката нестабилност во земјата, бидејќи се чини дека ниту партија, ниту коалиција го немаат потребното мнозинство досега, што може да доведе до создавање нестабилна влада.

Поддршката за левичарската партија на премиерот Антонио Коста се намали на 35 отсто од 38 проценти пред еден месец, според истражувањето на ISCTE-ICS за ТВ каналот SIC и весникот Експресо.

Истовремено, поддршката за социјалдемократите се зголеми од 31 на 33 отсто.

Според овие резултати, стаува збор за мала разлика во проценти која е на ниво на статистичка грешка.

Но, според друга анкета спроведена претходно оваа недела, социјалдемократите водат со мала разлика.

Според овие резултати, и едните и другите се далеку од парламентарно мнозинство кое според пропорционалниот систем изнесува меѓу 42 и 45 отсто од гласовите.

Дополнителните истражувања, спроведени од Католика за ТВ каналот РТП, радио Антена 1 и весникот Публико, покажуваат дека поддршката за социјалистите се намалила од 37 на 36 отсто за една недела, додека социјалдемократите останале стабилни на 33 отсто.

Во октомври минатата година, двајца поранешни сојузници на Антонио Коста – комунистите и Левиот блок – застанаа на страната на десничарите за да го отфрлат предлогот-буџетот на малцинската влада. Таквиот потег предизвика предвремени избори.

Анкетата на ISCTE-ICS покажа дека екстремно десничарската партија Чега, Либералната иницијатива и Зелената алијанса заедно со Комунистичката партија (ЦДУ-ПЦП) имаат по шест отсто од гласовите. Секоја од овие партии би можела да стане трета по големина партија во Парламентот.

Според истата анкета, Левиот блок имаше пет отсто од гласовите, партијата ПАН (Луѓе-животни-Природа) имаше два отсто, а десничарската ЦДС-ПП и екосоцијалистичката партија Ливре имаа по еден процент.

Резултатите од анкетата на Католика покажуваат дека Либералната иницијатива, Чега и Левиот блок имаат по шест отсто, ЦДУ пет отсто, а партиите ЦДС-ПП, Ливре и ПАН по два отсто.

Во истражувањето спроведено од ISCTE-ICE во периодот од 18 до 24 јануари биле анкетирани 1.003 луѓе, а Католика испитала 2.192 луѓе од 19 до 26 јануари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија