Ракетен напад на аеродромот во Багдад, погодена е и американската воздухопловна база

Од:

Неколку ракети го погодија комплексот на Меѓународниот аеродром во Багдад и областа на американската воздухопловна база, при што е оштетен еден патнички авион кој не е во употреба, соопшти ирачката полиција.

Полицијата не пријавила повредени или било каква друга штета. Оштетениот авион е во сопственост на Ирак Ервејс, но бил надвор од употреба.

Ирачката државна новинска агенција јави, цитирајќи ги тамошните воздушни служби, дека нема пречки во работата на аеродромот или патничките летови.

Американската воздухопловна база позната како Камп Виктори се наоѓа во близина на аеродромот во Багдад.

Американските и некои ирачки официјални лица, за ракетниот напад, ги обвинуваат шиитските паравоени групи поврзани со Иран, кои се противат на присуството на американската војска во регионот.

Ваквите напади на аеродромот во Багдад се редовна појава во последните години.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак