Градоначалникот на Сан Диего Боб Филнер изјави дека ќе оди на психотерапија, откако за помалку од една година, колку што е на таа позиција, обвинет е дека сексуално вознемирувал неколкужени.
Тој своите планови ги објави откако повеќе жени тврдеа дека ги бакнувал, прегрнувал и допирал. Кога се појавија обвинувањата, Филнер се извини бидејќи покажал непочитување кон жените и рече дека му е потребна помош.
Но веднаш потоа изјави дека не е виновен за сексуално вознемирување и одби да се повлече од позицијата.
Поранешниот конгресмен Филнер е прв градоначалник на Сан Диего од редовите на демократите во последните 20 години.