Северен тек 2 формираше подружница, што е важен чекор за добивање германска дозвола

Од:

Конзорциумот „Северен тек 2“ објави дека основал германска подружница „Гас за Европа“ (Gas for Europe), која ќе го поседува и ќе управува со германскиот дел од контроверзниот гасовод, со што ќе се отвори патот за добивање лиценца во Германија.

Германската Федерална мрежна агенција во ноември го суспендираше процесот на издавање дозволи бидејќи, според германските закони, операторот на гасоводот мора да биде германска компанија.

Седиштето на германската подружница во Шверин соопшти вчера концернот, составен од рускиот гасен гигант Газпром, францускиот Енџи, австриската ОМВ, британски Шел и германските Унипер и Винтершал ДА.

Северен тек 2 треба да испорачува гас од Русија до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Изградбата беше завршена пред неколку недели, но гасоводот се уште не е во функција.

Проектот е контроверзен бидејќи, според САД, ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. За сиромашната Украина, од друга страна, транзитните такси се важен извор на приход.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Ана Ололовска

Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на „Северен тек“

Ана Ололовска

Сојузник на Путин: Саботажата на „Северен тек“ е како напад на ЦИА во 1983 година

А1он

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

Ана Ололовска

Гасот престана да истекува од оштетениот гасовод во Балтичкото Море

Ана Ололовска

Трас и Фредериксен: Инцидентите на гасоводот „Северен тек“ се акт на саботажа

Ана Ололовска