Премиера на претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“

Од:

Народниот театар од Битола вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ од Том Стопард во режија на Никита Миливојевиќ од Србија.

Главните улоги, ликовите на Розенкранц и Гилденстерн, ги играат Огнен Дранговски и Мартин Мирчевски, а заедно со нив ќе настапат и Петар Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Петар Горко, Соња Михајлова, Борис Чоревски, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Слободан Степановски, Иван Јерчиќ, Александар Стефановски, Борче Ѓаковски, Соња Ошавкова, Илина Чоревска, Маја Андоновска, Пеце Спировски и Душко Јовановиќ.

Сценографијата за најновата театарска премиера ја изработи Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, музиката на Миодраг Нечак, а сценските движења ги подготви гостинката од Шкотска, Амалија Беннетт.

Претставата ќе се одигра во офицерскиот дом во Битола во рамки на годишаното издание на БитФест.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“